Аудио michael-jackson-xscape

2 мај, 2014

Слушнете го дуетот на Мајкл Џексон и Џастин Тимберлејк

Долгоочекуваниот втор постхумен албум „Хscape“ на легендарниот Мајкл Џексон е закажан за 13 мај, а вчера беше претставен и првиот сингл насловен „Love Never Felt So Good“. Како што веќе Ви пренесовме, новото издание на Кралот на поп музиката ќе содржи осум претходно необјавени теми кои тимот на продуценти предводени од Тимбаленд ги „исчистија“ и им дадоа современ и модерен звук. Новата песна е оригинално напишана во 1983 година од канадскиот музичар Пол Енка, а во 1984 година своја верзија претстави и Џони Матис. Интересно е тоа што во модернизацијата на верзијата од Мајкл Џексон се вклучи и колегата Џастин Тимберлејк, а како звучи нивниот дует можете да слушнете во продолжение.

Албумот „Xscape“ ќе содржи 8, односно 17 песни за луксузното издание кое покрај новите модернизирани верзии ќе ги содржи и оригиналните демо снимки. Дуетот со Тимберлејк има и соло верзија, а останатите песни ги имаат следните наслови: „Chicago“, „Loving You“, „A Place With No Name“, „Slave To The Rhythm“, „Do You Know Where Your Children Are?“, „Blue Gangsta“ и насловната „Xscape“. Извршен продуцент на ова издание е главниот човек на Епик РекордсЕл Еј Рид (L.A. Reid), a тимот продуценти на чело со Тимбаленд го сочинуваат и Родни Џеркинс, Старгејт, Џером (Џеј-Рок) Хармон и Џон Меклејн. (И.Ј.)

 



Врати се горе ↑