Аудио

22 октомври, 2016

Слушнете го дуетот на Мајкл Бубле и Меган Трејнор

Мајкл Бубле вчера го објави својот деветти по ред, студиски албум „Nobody But Me“, кој го најави со истоимената тема, а повеќето песни од новото издание веќе можат да се слушнат и на неговиот канал на Јутјуб.

Како што е познато, и овој пат преовладуваат преработки на постари, добро познати песни, а меѓу трите оригининални теми, вклучувајќи ја и насловната „Nobody But Me“, се најде и дуетот со американската ѕвезда Меган Трејнор, која се потпишува и како автор заедно со (некогашниот) член на „Уан дајрекшн“, Хари Стајлс.

Веселиот и певлив дует го носи насловот „Someday“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑