Аудио gaga-r-kelly

21 октомври, 2013

Слушнете го дуетот на Лејди Гага и Ар Кели

Од претстојниот трет студиски албум „ARTPOP“, кој Лејди Гага го најави со синглот „Applause“ и песната „Aura“ која ќе се најде и на саундтракот за филмот „Machete Kills“, вчера беше претставена уште една од 15-те песни кои ќе се најдат на новото издание. Станува збор за темата насловена „Do What You Want“ во која гостува нејзиниот колега, познатиот Р&Б музичар Ар Кели, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Покрај Ар Кели, на новото издание гостуваат и раперите Ти Ај, Твиста и Ту Шорт, како и џез пијанистот Сан Ра, а во тимот на автори се наоѓаат и имињата на познатите продуценти Дејвид Гета и РедУан. Следниот сингл од „АRTPOP“ ќе биде темата „Venus“ која ќе пристигне на 27-ми овој месец.



Врати се горе ↑