Аудио kylie-Minogue-Enrique-Iglesias

17 февруари, 2014

Слушнете го дуетот на Кајли Миног и Енрике Иглесијас

Австралиската „џебна Венера“ и латино заводникот Енрике Иглесијас ги здружија силите во заедничката песна насловена „Beautiful“. Познатите музичари ги подготвуваат своите нови студиски изданија; со неодамна издадениот сингл „Into The Blue“ Кајли го најави дванаесеттото студиско издание „Kiss Me Once“ закажано за 18-ти март, а Енрике е актуелен со третиот официјален сингл „I’m a Freak во кој гостува Питбул, тема која ќе се најде на неговиот десетти студиски албум „Sex + Love“, исто така закажан за 18-ти март.

Баладата ќе се најде на двата албума, а како звучат овие две ѕвезди заедно можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑