Аудио

12 јули, 2016

Слушнете го дуетот на Елена Ристеска и Хари Мата Хари

После десет години откако ги претставуваа Македонија и Босна и Херцеговина на „Евровизија 2006“ во Атина, каде што ги постигнаја и најдобрите пласмани за двете земји досега, Елена Ристеска и Хари Мата Хари ги здружија силите за дуетот насловен „Још ме плашиш“, кој е дел од новиот албум на популарниот босански пејач.

Автори на композицијата и текстот се Хари и Ален Лемешевиќ, а аранжманот го направи Дарко Димитров. За песната наскоро ќе се снима и видео запис, па додека ја очекуваме нејзината екранизација, слушнете како звучат Елена и Хари во дует. Уживајте!

 



Врати се горе ↑