Аудио Katy_Perry_and_John_Mayer

14 август, 2013

Слушнете го дуетот на Џон Мејер и Кејти Пери

Американскиот пејач, автор и продуцент Џон Мејер, исто така познат и по своите повремени или постојани врски со имиња како што се Џесика Симпсон, Џенифер Анистон, Тејлор Свифт или Кејти Пери, за 20-ти август го најавува својот шести студиски албум „Paradise Valley“. Од ова издание стигна и најновиот сингл, а во темата насловена „Who You Love“ гостува неговата девојка Кејти Пери. Како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑