Аудио Janet-Jackson-and-Missy-Elliott-Release-BURNITUP-AUDIO

26 септември, 2015

Слушнете го дуетот на Џенет Џексон и Миси Елиот

По пауза од седум години, Џенет Џексон се враќа на музичката сцена со нов албум насловен „Unbreakable“, кој во јуни го најави со соработката со Џеј Кол„No Sleep“, а деновиве пристигна и вториот сингл во кој гостува Миси Елиот.

„Да се работи со Џенет е неверојатно! Иако сме добри пријателки веќе долго време, јас сè уште сум нејзина голема обожавателка“, изјавила Елиот, додавајќи: „Понекогаш и денес морам да се штипнам кога и се јавувам, а потоа ќе ми одговори на повикот или ќе ми прати порака, бидејќи сепак таа е Џенет Џексон! Суперѕвезда заради која би истрчала пред телевизор да ги видам нејзините спотови и танцувања… така што за мене е чест да бидам на некој од нејзините албуми. Почестена сум секој пат кога ме прашува нешто бидејќи таа ме инспирирала и продолжува да ме инспирира засекогаш!

Џенет пак рекла: „Секогаш е убаво да се работи со пријатели, а Миси е моја драга пријателка. Беше природно ние двете да снимиме заедничка песна. Одлично се забавувавме и се надевам дека ќе ви се допадне и вам!“

Пејачките во 2001 година соработуваа и за темата „Son of a Gun“, а новата заедничка насловена „BURNITUP!“ можете да ја слушнете во продолжение.

 

Unbreakable“ е 11. по ред студиско издание за Џексон, а ќе биде објавено на 2 октомври. Како трет сингл е најавена токму насловната тема, чиј поход за освојување на топ листите ќе започне на 5 октомври.

 



Врати се горе ↑