Аудио james-arthur-emeli-sande

7 ноември, 2013

Слушнете го дуетот на Џејмс Артур и Емели Санде

Надежниот британски музичар и победник на минатогодишниот X Factor во Велика Британија, 25-годишниот Џејмс Артур деновиве го објави својот деби албум насловен едноставно „James Arthur“, на кој се најде и неговиот прв сингл „Impossible“, како и актуелниот „You’re Nobody ’Til Somebody Loves You“. Меѓу 13-те, односно 18-те песни за луксузното издание, се најде и соработката со шкотската дива Емели Санде, со која Артур ја отпеа баладата „Roses“. Темата ја потпишуваат Санде и Ноти Бој, кој е еден од соработниците на новиот албум и изјави дека многумина ќе бидат изненадени од тоа што ќе го слушнат на новото издание.

Како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение, а понатаму уште неколку теми од албумот кои деновиве беа поставени на официјалниот VEVO канал на Џејмс Артур.

 

Smoke Clouds

 

Get Down

 

New Tattoo



Врати се горе ↑