13 мај, 2014

Слушнете го дуетот на Дион Ворвик и Ни-Јо

73-годишната госпел и Р’н’Б дива Дион Ворвик го подготвува нејзиниот 38-ми студиски албум насловен „Feels So Good“ закажан за 1 јули. Пејачката која во својата долгогодишна кариера соработувала со бројни колеги, за својот нов албум сними уште една верзија на хитот „A House Is Not A Home“ од 1964 година, а овој пат во тоа ѝ помогна помладиот колега Ни-Јо.

Ворвик, која е дел од познато музичко семејство и е тетка на трагично починатата дива Витни Хјустон, во својата кариера има објавено 37 студиски албуми, 5 албуми во живо, 22 компилации и 85 синглови, нејзините изданија се продадени во 100 милиони примероци ширум светот. Сè уште не се познати многу детали за новото издание кое ќе го наследи „Now“ од 2012 година, а како звучи новата верзија на „A House Is Not A Home“ можете да слушнете горе.



Врати се горе ↑