Аудио 1508179_1416472305293923_5165412650770806613_n

27 мај, 2014

Слушнете го дуетот на Даниел и Жељко

Како што Ви пренесовме неодамна, првиот победник на регионалното издание од музичкиот натпревар X Factor, Даниел Кајмакоски сними дует со својот ментор Жељко Јоксимовиќ. Песната е насловена „Скопје-Белград“, а автор на музиката, аранжманот и продукцијата е Јоксимовиќ, за текстот се погрижија Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза, додека за македонскиот препев беше задолжена Магдалена Цветкоска. Видео записот кој ќе биде претставен за два дена, се снимаше во двата града кои се опеани во песната, под режисерската палка на Дејан Миличевиќ.

Судбината на ѕвездите кои што ќе победат во музички реални шоуа на Балканот е таква каква што е. Но јас знаев дека приказната со Даниел нема да заврши така. Затоа и се роди дуетот „Скопје – Белград“. Ова е песна со брз и модерен ритам. Онаква каква што му прилега на Даниел. И знам дека ќе биде голем хит во регионот. Воедно песната е и соодветна најава на концертот кој што ќе се случи на 21 јуни. Даниел Кајмакоски и официјално е првиот гостин кој што ќе се појави на овој мој досега најголем концерт во кариерата. Задоволство ми е што ќе имаме можност заедно во живо да ја испееме и оваа но и многу други песни“, изјави Жељко Јоксимовиќ, а како звучи оваа соработка можете да слушнете во продолжение.

 

На 21 јуни на концертниот спектакл којшто за првпат ќе се случи откако е комплетирана националната арена „Филип Втори“, Јоксимовиќ истата песна ќе ја отпее во друштво на Кајмакоски. Освен него, најавува уште многу други гости чии имиња ќе бидат соопштени своевремено. Влезниците се со неверојатна промотивна цена од 200 денари, а со истите, на подарок го добивате и новиот албум на Јоксимовиќ.



Врати се горе ↑