Аудио bb

23 април, 2014

Слушнете го дуетот на Бијонсе и Бутс

Џордан Ашер (Jordan Asher) е едно од имињата во авторскиот тим кој стои позади актуелниот албум на Бијонсе, што овој продуцент кој стои позади псевдонимот Бутс (Boots) преку ноќ стана најновото име во музичкиот бизнис. Како што пишува американскиот магазин Idolator, неговиот звук ја „менува играта и ја дава насоката во која ќе се движи Р’н’Б музиката како жанр“. А сега Бијонсе ја возвраќа услугата со тоа што гостува во неговиот нов сингл насловен „Dreams“, а како звучи оваа балада можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑