Аудио lana_del_rey

10 јуни, 2014

Слушнете ги „Ultraviolence“ и „Brooklyn Baby“ од Лана Дел Реј

Непосредно пред објавувањето на новиот албум на Лана Дел Реј, деновиве пејачката претстави уште две нови песни од претстојното издание меѓу кои и насловната тема „Ultraviolence“ и песната „Brooklyn Baby“. Наследникот на албумот „Born To Die“ од 2012 година го продуцирал гитаристот на групата Д Блек Кис, Ден Ауербах, а како автори се потпишуваат самата пејачка и Рик Ноуелс, кој пишувал и за изведувачи како што се Мадона, Ели Гоулдинг и Си-Ло Грин. 

Ауербах неодамна ја прокоментирал соработката со Дел Реј и изјавил дека, иако работата не одела баш лесно, сепак успеале целиот албум да го завршат за само две недели: „Прво се договоривме да се обидеме да сработиме нешто за три дена, а тогаш таа го развлече тоа во две недели и за тоа време успеавме да го завршиме целиот албум. Лана е неверојатна!“, изјавил музичарот, додавајќи: „Ме импресионираше секој ден. Имаше моменти во кои не се согласувавме. Сметав дека таа можеби не сака некој да помисли дека нема контрола над сè што се случува, бидејќи сигурен сум дека е тешко да се биде жена во оваа работа. Имавме мали недоразбирања, но на крајот од секој ден танцувавме на нови песни.“

Двете нови песни можете да ги преслушате во продолжение, а веднаш потоа и списокот на песни од албумот „Ultraviolence“ кој ќе пристигне на 16 јуни.

 

  1. ‘Cruel World’
  2. ‘Ultraviolence’
  3. ‘Shades Of Cool’
  4. ‘Brooklyn Baby’
  5. ‘West Coast’
  6. ‘Sad Girl’
  7. ‘Pretty When You Cry’
  8. ‘Money Power Glory’
  9. ‘Fucked My Way Up To The Top’
  10. ‘Old Money’
  11. ‘The Other Woman’
  12. ‘Black Beauty’ (Bonus track)
  13. ‘Guns And Roses’ (Bonus track)
  14. ‘Florida Kilos’ (Bonus track)


Врати се горе ↑