Аудио home-movie

3 март, 2015

Слушнете ги песните на Џеј Ло и Ријана за анимираниот филм „Дом“

Покрај тоа што ги позајмија гласовите за ликовите во претстојниот анимиран филм „Дом“ (Home), Џенифер Лопез и Ријана снимија и песни кои ќе се најдат на саундтракот за новото остварување на „Дримворкс“. Убавицата од Барбадос го толкува главниот лик Гратуити „Тип“ Тучи, а Лопез нејзината мајка Луси Тучи, додека за вонземјанинот Оу гласот го позајми актерот Џим Парсонс, најпознат како Шелдон од серијата „Теоријата за биг бенг“, а Стив Мартин за капетанот Смек.

„Концептуалното издание“, кое ќе го следи филмот и кое ќе стигне кон крајот на месецов, ќе претстави песни кои, покрај Лопез и Ријана, ги потпишуваат и колешките Чарли Екс-си-екс и Кајза. Латино дивата ја отпеа песната „Feel The Light“, а Рири „Towards The Sun“. Двете песни можете да ги преслушате во продолжение.

 

Претстојниот анимиран филм, чија премиера е закажана за 27 март, го режираше Тим Џонсон, а е направен врз основа на детската книга „Вистинското значење на денот Смек“ (The True Meaning of Smekday) од Адам Рекс, објавена во 2007 година.



Врати се горе ↑