Аудио justinbieber

22 октомври, 2013

Слушнете ги „All That Matters“ и „Hold Tight“ од Џастин Бибер

Џастин Бибер продолжува со акцијата #MusicMondays, која ја најави пред две недели и во чии рамки секој понеделник, десет недели со ред ќе објавува по една нова песна. Сето тоа е направено по примерот на Канје Вест, кој во 2010 година под насловот „G.O.O.D. Fridays“ петнаесет недели со ред, секој петок објавуваше по еден нов сингл.

Првата песна која стигна на 7-ми октомври беше синглот „Heartbreaker“, минатата недела се појави и „All That Matters“, која доби и своја видео адаптација, а вчера на ред дојде и романтичната балада насловена „Hold Tight“. Двете нови теми од младиот пејач кој е номиниран во 4 категории на претстојните Европски Музички Награди на MTV, можете да ги слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑