Балкан Zeljko-Joksimovic

13 февруари, 2013

Слушнете дел од новиот сингл на Жељко Јоксимовиќ

По песната „Није љубав ствар“ со која го освои третото место на Евровизија во 2012 година, Жељко Јоксимовиќ имаше бројни настапи и ангажмани, но немаше снимено ништо ново… сè до сега. На ЈуТјуб каналот на Минакорд продукција вчера беше поставен дел од новиот сингл на Јоксимовиќ, чиј наслов не е познат, а на почетокот на видеото тој ги поздравува гледачите со следните зборови: „Драги пријатели, добредојдовте на мојот ЈуТјуб канал. Само што ја завршивме новата песна и се надевам дека ќе Ви се допадне. Ќе Ви пуштам неколку воведни тактови.“

Извор: Svet.rs



Врати се горе ↑