Аудио adsmg

25 септември, 2014

Слушнете дел од новиот сингл на Уан Дајрекшн

Петте момци кои неодамна влегоа во Гинисовата книга на рекорди како „прва група од Велика Британија чии први три албуми се искачија на првото место во Америка“, Уан Дајрекшн го најавија својот четврт студиски албум насловен „Four“, а првата песна од новиот материјал која ја претставија на почетокот на месецов беше темата „Fireproof“, но како прв официјален сингл од претстојното издание ќе биде објавена „Steal My Girl“.

„Тоа е мошне весела песна и не се разликува многу нашиот последен албум (Midnight Memories)“, изјавија Лиам Пејн и Луис Томлинсон, кои се и автори на „Steal My Girl“, а како ќе звучи оваа песна можете да слушнете од краткиот извадок во продолжение.

 

Доколку не сте ја слушнале првата песна, тоа можете да го направите во продолжение.

 

Четвртото студиско издание „Four“ ќе пристигне на 17 ноември, а ќе изгледа вака:



Врати се горе ↑