Аудио Eminem

19 јуни, 2013

Слушнете дел од новата песна на Еминем

Наскоро (конечно) ќе слушнеме нов сингл од Еминем, но истиот нема да се најде на неговиот долгоочекуван нов албум, првично закажан за крајот на месец мај, но веројатно ќе пристигне подоцна во текот на годинава. Имено, деновиве беше претставен дел од новата песна насловена „Symphony in H“, која ќе се најде на претстојната компилација „PieceMaker 3: Return Of The 50 MCs“ на диџеј Тони Тач, закажана за 9-ти јули.

Новиот сингл потсетува на стилот од почетоците на популарниот Слим Шејди, а делот од песната (минута и половина) можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑