Слушнете дел од новата музика на Дафт Панк
Гостувајќи во емисијата Saturday Night Live минатиов викенд француското дуо Дафт Панк презентираше 15 секунди од новата музика која ќе се најде на нивниот нов албум. Во краткото видео во форма на реклама може да се слушне музика која многу потсетува на големите хитови од седумдесеттите години на минатиот век, што веројатно се должи на соработката со легендарниот продуцент Нил Роџерс. Слушнете како звучи новиот материјал на француското дуо.