Свет eurovision2013-theme-radiomk

2 март, 2013

Слушнете дел од евровизиските песни од втората полуфинална вечер

Веќе го проследивме поголемиот дел од песните кои ќе ги слушнеме на првата полуфинална вечер од претстојниот Евросонг 2013, а во продолжение ќе видиме што ќе одбрале земјите учеснички за втората полуфинална вечер, закажана за 16-ти мај во Малме, Шведска, кога шести по ред ќе настапат и нашите претставници Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ЛозаноАлбанската песна ја слушнавме при крајот на месец декември, минатата година, како и швајцарската „Армија на спасот“, а сè уште не се познати песните од минатогодишниот домаќин Азербејџан, Бугарија, Ерменија, Унгарија, Израел и Романија.

Финската претставничка Криста Сигфридс ќе ја отпее „Marry Me“, a Исланд го праќа Eyþór Ingi Gunnlaugsson, кој на мајчиниот јазик ќе ја отпее „Ég á líf“ (Имам живот). Латвија годинава ги праќа момците од групата ПеР (PeR) кои ќе се претстават со „Here We Go“, a Џанлука Бецина ќе ги брани боите на Малта со песната „Tomorrow“.

Krista SiegfridsMarry Me (Финска)

 

 

Eyþór Ingi Gunnlaugsson – Ég á líf (Исланд)

 

 

PeR Here We Go (Латвија)

 

Gianluca BezzinaTomorrow (Малта)

 

 

Интересно е тоа што Сан Марино и годинава ја праќа истата претставничка од лани, а тоа е Валентина Монета, која минатата година во Баку пееше песна за „социјалните мрежи“, а овогодинешната песна насловена „Crisalide“ која ќе ја отпее на италијански и на англиски јазик, сè уште не е објавена. Грузиските претставници за годинава се Ноди Татишвили и Софи Геловани кои во дует ќе ја отпеат „Watterfall“. Нашите јужни соседи ги праќаат Коза Мостра и Агатонас кои на мајчиниот јазик ќе ја отпеат „Alcohol Is Free“. Боите на Норвешка ќе ги брани Маргарет Бергер со „I Feed You My Love“.

 

Nodi Tatishvili & Sophie GelovaniWatterfall (Грузија)

 

 

Koza Mostra & AgathonasAlcohol Is Free (Грција)

 

Margaret BergerI Feed You My Love (Норвешка)

 

И конечно, од шесте земји кои одат директно во финале, за сега се познати само шпанската, германската и француската песна, за Италија е познат само претставникот Марко Менгони, а Обединетото Кралство и домаќинот Шведска ќе ги објават своите претставници и песните кои ќе ги изведат најдоцна до 18-ти март. Амандин Буржуа ќе ја претставува Франција пеејќи ја на мајчин јазик песната „L’enfer et moi“ (Пеколот и јас) во стилот на добро познатата Заз, Германија ги праќа Каскада, кои ќе се претстават со уште еден потенцијален хит „Glorious“, a шпанските претставници се El Sueño de Morfeo (Сонот на Морфеј) или накратко ЕSDM кои на мајчиниот јазик ќе ја отпеат „Contigo hasta el final“ (Со тебе до крај).

Amandine Bourgeois L’enfer et moi (Франција)

 

CascadaGlorious (Германија)

 

El Sueño de MorfeoContigo hasta el final (Шпанија)

 

Најдоцна до 18-ти март ќе бидат познати и останатите песни кои ќе ги чуеме во Малме годинава. Сега кога ги преслушавте претставените песни, имате ли фаворит?



Врати се горе ↑