Свет Eurovision-logo-2013-radiomk

2 март, 2013

Слушнете дел од евровизиските песни од првата полуфинална вечер

Како што се приближува крајниот рок кога ќе се знаат сите песни со кои 39-те земји учеснички  ќе се натпреваруваат годинава за победа на најпопуларниот музички настан во Европа, познати се веќе голем на композиции кои ќе ги слушнеме во двете полуфинални вечери на 14-ти и 16-ти мај во Малме, Шведска. Веќе при крајот на минатата и почетокот на оваа година беа познати шест песни, вклучувајќи ги Швајцарија и Албанија.

Деновиве ја слушнавме и првобитната верзија на „Империја“, која поради незадоволството на јавноста ќе претрпи измени во аранжманот и текстот, а во продолжение можеме да слушнеме и видиме што ќе понудат останатите земји учеснички. Од првата полуфинална вечер веќе имавме можност да ги чуеме песните од Украина, Белорусија, Белгија и Литванија, а од неодамна е позната и претставничката на Австрија – Наталиа Кели, која ќе се претстави со песната „Shine“. Хрватската Клапа с мора ќе ги брани боите на својата земја со „Мижерија“, a Данска ќе ја претстави Емели д Форест (Emmelie de Forest) со веќе познатата „Only Teardrops“, која извесно време ја слушаме на радио станиците и во Македонија.

Natália Kelly – Shine (Австрија)

 

Klapa s moraMizerija (Хрватска)

 

Emmelie De Forest Only Teardrops (Данска)

 

Холандската претставничка е русокосата Анук, која ќе ја отпее „Birds“, но песната сè уште ја нема на ЈуТјуб, освен еден мал дел кој го отпеала во живо за време на нејзин настап. Дина Гарипова годинава ќе ги брани боите на Русија со песната „What If“, одлична песна која веројатно ќе ги освои симпатиите на слушателите. Веќе се навикнавме да гледаме женски изведувачи кои ја претставуваат Словенија, па годинава од таму ја испраќаат Хана која ќе го отпее потенцијалиот хит „Straight Into Love“.

 

AnoukBirds (Холандија)

 

Dina Garipova – What If (Русија)

 

 

HannahStraight Into Love (Словенија)

 

Претставничката на Кипар ќе биде една од ретките изведувачи кои нема да пеат на англиски јазик. Деспина Олимпиу ќе ги брани боите на својата земја со „An Me Thimasai“ (Ако се сеќаваш на мене), a ирскиот претставник Рајан Долан ќе се претстави со потенцијалниот хит „Only Love Survives“. Песните од Естонија, Молдавија, Србија и Црна Гора ќе бидат познати најдоцна до 16-ти март.

 

Despina OlympiouAn Me Thimasai (Кипар)

 

Ryan DolanOnly Love Survives (Ирска)

 

Ова се песните кои се познати од првата полуфинална вечер, а со делот од втората вечер можете да продолжите на следниот линк. Очигледно е дека и годинава голем број од песните се во стилот на минатогодишната „Еуфорија“. Имате ли фаворити? Кој е потенцијален победник според Вас?



Врати се горе ↑