Свет article_big_1362519545Chad_Neit_video_still

9 март, 2013

Слушнете 22 песни од Битлси за 60 секунди

Колку обработки на песни од легендарните Битлси можат да се слушнат за 1 минута? Музичарот и комичар од Лос Анџелес, Чед Нит (Chad Neit) очигледно бил многу заинтересиран да го дознае одговорот на ова прашање, а во потрагата му помогнал неговиот пријател и „човечкиот битбокс“ експерт Бронкар Ли (Bronkar Lee). Двајцата успеале за 60 секунди да претстават ултра-кратки „обработки“ на дури 22 песни, кои покриваат период од седум години, кога бендот бил најпопуларен. Како што пишува магазинот Mashable, музиката која можете да ја слушнете во видео записот може да влезе или излезе од мода, но сигурно ќе Ви измами насмевка. Во продолжение погледнете го едноминитното видео.

 



Врати се горе ↑