Балкан Eurovision 2013 sweden

18 декември, 2012

Словенија сепак ќе учествува на Евросонг 2013

По долго размислување Словенија реши да учествува на Изборот за песна на Евровизја, кој ќе се одржи во Малме, Шведска, следната година. Радио-телевизија Словенија, организатор на националниот избор, се реши да не го следи примерот на другите земји, кои се откажаа од учеството на настанот поради економската криза.

„Голем е интересот за Евровизија во нашата земја, затоа решивме да бидеме дел од оваа манифестација. Организацијата на изборот и нашиот настап во Малме ќе биде крајно рационализиран, а трошоците ќе ги покриеме со спонзори“ – изјавиле од телевизијата.

Поради намалувањето на претплатата, ланскиот приход од 120 милиони евра, РТВ Словенија годинава го намали за десет отсто. Словенија на Евросонг учествува од 199З година. Во продолжение да се потсетиме на претставничката на оваа земја годинава во Баку, Ева Бото која настапи со „Verjamem“, но за жал не успеа да се пласира во финале.

 



Врати се горе ↑