Балкан

9 јануари, 2019

Словенечкиот бенд „Коала војс“ има нов албум

„Коала војс“ (Koala Voice), омилениот бенд на новите генерации во регионов, за испраќање на 2018 година без посебна најава го објави албумот „Woo Horsie“. Како што самите велат, ова издание „ноншалантно го извлекоа од задниот џеб на износените фармерки.“ „Woo Horsie“ е „уникатен проект, герила, со важна напомена животот да не се сфаќа толку сериозно. Проект со панк-став и поп-призвук.“

На албумот, чиј продуцент е Јуре Влаховиќ и трае нешто повеќе од половина час, се наоѓаат 11 песни.

1. Early Bird
2. I Used to Smell Nice.
3. Dumdidada
4.Touch
5. Johnny +Self-respect
6. Helena
7. By car
8. Daily Towel Motion
9. Funky Cherry
10. Macbeth
11. Ker tu je vse tako lepo.

Дигитална дистрибуција на албумот

А „Коалите“ веќе ги чека интересна година. Овој месец имаат концерт во Германија, на лето ќе го поминат Балканот, а на есен голема европска турнеја. Концертната премиера на албумот е закажана за 14 февруари во „Орто бар“ во Љубљана, а првите датуми за балканската турнеја стигнуваат наскоро.

Повеќе информации на официјалната страница на бендот www.koalavoice.com.



Врати се горе ↑