Балкан TDB_IzakKosir_fotoTamaraDomuzin

1 јануари, 2013

Словенечки бенд подарува песна на македонската публика

The Toronto Drug Bust од Словенија на македонската публика ѝ ја подарува преработката на песната „Video Killed The Radio Star“ која пејачот Изак Кошир, гитаристите Тамир Гостиша и Вик Полончич Рупарчич и останатите ја снимија за првиот меѓународен фестивал во Словенија – Forward.

Бендот наскоро ќе сними и видео запис за уште една преработка – „Man on the Moon“ од групата REM. Песната во изведба на овој словенечки бенд се најде на компилацијата „Project REM: Pure Music Energy“. Доказ дека бендот предводен од Изак Кошир вредно работи на својата кариера е и веста дека издавачката куќа Субкултурни Азил од Марибор во наредните месеци ќе објави концертен винил „Live From Helsinki“ со ограничен тираж од 300 примероци кој претставува снимка од турнејата одржана во Финска во 2011 година.

The Toronto Drug Bust, кои оваа година настапија на голем број фестивали во регионот, не ја запоставуваат работата на новите песни, односно на нивното второ студиско остварување кое го најавуваат за оваа 2013 година, но за сега не сакаа да откријат повеќе детали.

Фронтменот Изак Кошир им посакува сè најдобро во Новата година на македонската публика со надеж дека наскоро ќе настапи во Македонија: „Би сакале наскоро да ја посетиме Македонија. Во 2013 година на сите им посакуваме добри пријатели, музика, див танц и љубов… и не верувајте во сè што ќе видите на телевизија! Како мото за годината која доаѓа ќе го цитирам Малиот Принц: Најважното е невидливо за очите. Среќно!“

 Песната можете бесплатно да ја преземите на следниот линк.



Врати се горе ↑