Ethnothrip LIVE

Vklopi se LIVE na FM95,9 Radio MARŠ in na podzemni val www.voiceofunderground.com LIVE! od 21:00 Danes v družbi: Ethnotrip

Posted by GLAS PODZEMLJA on вторник, 20 октомври 2015

1 ноември, 2015

Словенците „Етнотрип“ со уште една одлична преработка на македонска народна песна

Веќе Ви пишувавме за групата Етнотрип“ (Ethnotrip) од Словенија, чиј прв официјален сингл беше токму преработката на познатата македонска песна „Јовано, Јованке“. Составена од Тјаша Шимонка (вокал), Миха Каваш (виолина), Александар Варга (бас), Примож Крамбергер (пијано/клавијатури) и Томи Дошен (тапани/перкусии), групата „Етнотрип“ изведува народни песни од родната Словенија, Унгарија, Хрватска, Англија, Србија, Македонија, Русија, како и теми чиј автор не е познат.

Својот прв студиски албум, кој го носи името на самата група, го издадоа во февруари 2013 година, а наскоро ќе го објават и второто издание, чиј материјал е во завршна фаза на подготовка. Токму од новиот материјал може да се слушне уште една одлична преработка на македонска песна, овој пат тоа е познатата „Македонско девојче“ (1964) од Јонче Христовски, а снимката од тонската проба од гостување во една емисија на радио Ве очекува горе . Уживајте!

Инаку, „Етнотрип“ можете да ги следите на нивната официјална веб страна, како и на фан страницата на Фејсбук.

И.Ј.



Врати се горе ↑