Аудио erg

17 октомври, 2014

„Слободниот ум“ на Ели Раста Грл на балканска компилација

Актерката и реге артистка Елизабета Клинчаревска Младеновска, која паралелно ги гради двете кариери, ја сними новата песна „Слободен ум“ која има и српска верзија „Времена без граница“. Eли Раста Грл го промовираше новиот сингл во летниот камп „Кастро“, во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“. Автор на музиката и на аранжманот на двете верзии е Гоце Симоноски. Текстот за македонската верзија го напиша Соња Стевческа, која заедно со Наташа Михајлова ги отпеа придружните вокали. Двете песни се снимени во студиото „Супернова“ на Симоноски и наскоро ќе добијат видео записи.

 

Двете верзии на песната ќе бидат дел од двојна компилација во која по покана на авторот Милан Б. Поповиќ учествуваат рок, реге и рап артисти од регионов, а Ели Раста Грл е единствениот претставник од Македонија. Промоцијата на ова компилациско цеде ќе се одржи во Белград до крајот на 2014 година.

За промоција на овие две песни и за потребите на компилациското цеде, Ели направи и фотосесија со фотографот Зоран Поповски – Аварел, кој е нејзин догогодишен соработник.



Врати се горе ↑