Настани freezone

16 септември, 2013

Слободна фестивалска зона – Слаткаристика, Ареа, Газда Паја, Морал и многу други

Пред една недела се најави фестивал кој ќе трае 2 дена. На 27-ми и 28-ми септември (петок и сабота) во општина Аеродром, слободна организација објави дека ќе настапуваат групата Ареа и Слаткаристика. Денес, Free Zone Festival Ви ги претставуваат и останатите артисти кои ќе се качат на бината на фудбалскиот стадион, до МЗТ салата, во Општина Аеродром.

На 27-ми (петок) настапуваат Слаткаристика, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози (Кацар, Сиги, Џоле) и диџеи, а на 28-ми(сабота) ќе настапат Ареа, Морал, Ѓеорги Шарески со диџеј Маци и Марко Логаут.

Слободната организациска екипа Ве кани на добра забава на 27-ми и 28-ми септември!



Врати се горе ↑