Настани пс

25 март, 2016

Слем-работилница викендов во Кавадарци

Викендов на 26-27 март во Кавадарци ќе се одржи викенд слем-работилница во организација на слем-групата „Поетри-слем тим“, Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци и Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци. Предвидени се неколку активности: слем-работилница на која ќе се работат поетските и интерпретаторските техники на слем-изведувањето, слем-натпревар и посета на туристички локалитет во близината на Кавадарци под водство на туристичката водичка и археолог Василка Димитровска од Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС.

Станува збор за прва работилница за слем-поезија на нашите простори и втор слем-натпревар одржан во Кавадарци. На работилницата и натпреварот, покрај луѓето од слем-тимот: Елена Пренџова, Игор Трпче, Перо Сарџоски и Цветанка Колева, ќе учествуваат и слемерите: Надица Тренчева, Ристе Иракоски, Исток Улчар, Снежана Стојчевска, Воислав Пехчевски, Коста Карев, Диме Данов, Димитри Самандов, Симона Илиевска Нечковска, Сандра Авросиевска, Ирена Јурчева, Наде Поп Гаврилова, Вероника Костадинова. На слем-друштвото ќе им се придружат и неколкумина ликовни уметници, фотографи и цртачи од Кавадарци, Прилеп и Скопје, кои визуелно ќе го обојат настанот, творејќи ги своите уметнички дела паралелно со слемерите.

12527980_10201498496062195_1541226426_n



Врати се горе ↑