Балкан

16 октомври, 2017

Славко ќе оди дома кај Никол Шерцингер

Како што претпоставувавме, на Славко Калезиќ засега добро му оди во британскиот „Х фактор“, каде што успеа да го совлада и предизвикот на шесте столчиња, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите шест од својата категорија (постари од 25 години). 31-годишниот Црногорец успеа уште еднаш да ја шармира својата менторка Никол Шерцингер, која во следната фаза ќе пречека своите кандидати во својот дом, каде што ќе одлучи кои 3 ќе продолжат во финалните вечери во живо, а за тоа ќе се консултира со колегата Стормзи.

Имајќи ги предвид претходните сезони на натпреварот, Славко има големи шанси да се најде меѓу 12-те финалисти, бидејќи продукцијата често одлучува меѓу одличните вокалисти да вметне и по некој не толку талентиран пејач, кој надоместува со приредување шоу. Како изгледаше неговиот настап во предизвикот на шесте столчиња можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑