Балкан slavko-kalezic-x-factor-uk

6 септември, 2017

Славко Калезиќ го шокираше жирито во британскиот „Х фактор“

Годинешниот евровизиски претставник на Црна Гора, Славко Калезиќ има намера да го освои светот, па после учеството во регионалниот, ќе си ја проба среќата и во оригиналниот, британски „Х фактор“, а имајќи ги предвид сличните кандидати од претходни сезони на популарната емисија, тој дефинитивно има шанси да стигне до финале.

Имено, изминатиов викенд започна да се емитува 14. сезона од музичкиот натпревар, а во жирито предводено од озлогласениот Сајмон Кауел се и неговите колеги менаџери Луи Волш и Шерон Озборн, како и американската пејачка Никол Шерцингер. Аудицијата на Славко сè уште не е прикажана во целост, а од она што може да се види од кусите најави за емисијата е дека црногорскиот актер им приредил вистинско шоу, слично како што видовме и ние пред неколку години, со изведбата на „End of Time“ на Бијонсе.

Очигледно дека Калезиќ одлучил да го задржи евровизискиот стил и долгата плетенка што дополнително ги зачинува неговите (повеќе танцувачки) изведби, а дали продолжува понатаму во натпреварот ќе дознаеме наскоро.

Како и секоја година, на „Х фактор“ се пријавуваат доста добри кандидати, дел од нив претставувајќи се со авторски песни, како што е групата „Рак-су“, чија аудиција ве очекува во продолжение, а за повеќе видеа упатете се на официјалниот канал на Јутјуб. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑