Настани Paya

6 август, 2013

Слаткаристка, Газда Паја, Тајзи и Токсиколози приредија журка за паметење

Секоја чест на „виновниците” за журката во саботата на плажата Градиште. Нашите Слаткаристика, Токсиколози, Тајзи, гостинот од Србија Газда Паја и диџеј Ник Капа буквално го тресеа Охрид овој викенд. Журката стартуваше по полноќ со Кацар, Сиги, Џоле и Аце Нл, а потоа свој настап имаше Тајзи.

На веќе загреаната атмосфера за прв пат пред нашата публика се претстави Газда Паја кој ги изненади сите присутни со својот енергичен настап. По неговата „Чке Београдске” на сцената се качи Слаткаристика кој не ја остави публиката да здивне ни за миг. Заедно со него се рипаше, играше, пееше до 5 часот наутро кога по барање на присутните за неколку повторувања на неговите хитови журката заврши.

Полна плажа луѓе, емоции и енергија ќе се памети од журката на 3-ти. Браво момци! А за оние кои не беа, фотографиите кажуваат сè!



Врати се горе ↑