Слаткаристика замина на турнеја во Австралија
Денеска рано наутро Слаткаристика замина на турнеја во Австралија. На задоволство на Македонците од континентот на кенгурите, еден од нашите највлијателни артисти ќе има 3 концертни настапи веќе од овој петок. Тој на 10 мај е во Сиднеј, а другата седмица на 16-ти, во петок настапува во Мелбурн, за во саботата, на 17-ти го заврши своето музичко претставување во Перт.
Ова е прв пат Слаткаристика да оди на турнеја во Австралија, а задоволството за неговото присуство и настап пред нашите го покажува преку видеото кое можете да го погледнете во продолжение.