Настани 11694935_859259860776247_6489820458049657577_n

16 јули, 2015

Слаткаристика вечерва го отвора „Пиво фест“ во Прилеп

Слаткаристика вечерва заедно со својот бенд ја имаат честа да го отворат прилепскиот фестивал на пивото – „Пиво фест 2015“! Настапот на Слаткаристика започнува во 20.30 часот. Како и досегашните концертни настапи, и овој е дел од големата летна турнеја на Слаткаристика – „EnergiS Tour.

Од неодамна тој го издаде својот нов сингл „Оф мори мајко“, проект реализиран заедно со Балканистан, а песната наиде на многу пофални критики и одлична гледаност преку социјалните мрежи за доста кратко време. Посетителите на прилепскиот „Пиво фест“ денеска ќе имаат можност да уживат и да бидат дел од настапот на Слаткаристика, а како загревање уживајте со актуелниот хит „Оф мори мајко“!

 



Врати се горе ↑