Македонија Slatkaristika koncert struga

14 август, 2013

Слаткаристика со концерт во Струга на ден по неговиот роденден

Слаткаристика летово не застанува! По настапите низ Македонија, како и одржаните концерти во Охрид и Пробиштип на кои приреди одлична забава, на ред е концертот во Струга. Во петок, на 16-ти август, еден ден по неговиот роденден, Слаткаристика ќе се отвори пред стружани и туристите кои се подготвени за супер забава. Летната сцена „Сиеста” во Струга за концертот на нашиот највлијателен рап артист ќе ги отвори вратите во 22:30 часот.

Цената на билетите во претпродажба е 100 денари во Грифон кафе (Струга), додека на врата влезот е 150 денари. Сите пијалаци за времетраењето на концертот ќе се продаваат по цена од 50 денари! Гости на концертот ќе бидат Кацар (Токсиколози), Тајзи и Анакреонт (Аномалиа Натива)

На 16-ти добивате совршена комбинација за одлична пост-роденденска забава!



Врати се горе ↑