Македонија Слаткаристика- Постер- Созопол

7 август, 2014

Слаткаристика со концерт во Созопол, Бугарија‏

По успешниот концерт кој се одржа изминатиов викенд на плажата Алекс во Дојран, Слаткаристика ја продолжува летната турнеја, а следна дестинација каде што нашиот артист ќе одржи концерт е Созопол, соседна Бугарија. Концертот ќе се случи денеска (7 август), во летното диско „Баш Бар Градина“ во Созопол. Гости на концертот се Бобо и Џами од Бугарија, а Слаткаристика ќе настапи со диџеј Oки Доки и Аце НЛ.

Овој концерт, кој ќе се одржи на едно од најубавите места на морето во Бугарија, тамошната публика го очекува со нетрпение по супер журката што Слаткаристика ја приреди во Софија пред 5 месеци. На враќање од соседството, Слаткаристика ќе настапи во „Калипсо“ во Берово, а потоа следуваат журките во „Амнезија“ во Тетово и Аква паркот во Пробиштип. Сите информации околу концертите и настапите на Слаткаристика овој месец може да ги добиете на неговата фан страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑