Концерт Slatkaristika

9 август, 2013

Слаткаристика со концерт во Аква Паркот во Пробиштип

Слаткаристика и ова лето се отвори пред македонската публика и не застанува со настапи по градовите низ државава. По одличниот настап во Охрид, оваа сабота тој ќе одржи свој концерт во Аква Паркот во Пробиштип. Сабота, 10-ти август е денот закажан за одлична забава со Слаткаристика и неговите гости Аце НЛ  од Токсикологија и Тајзи.

Аква Паркот во Пробиштип за концертот на нашиот највлијателен рап артист ќе ги отвори вратите во 21:00 часот за забава која ќе се памети! Цена на билетите во претпродажба е 100 денари, додека на врата влезот е 150 денари. Слаткаристика денес свој настап има во Струмица, за утре веќе загреан да Ве пречека во Аква Парк -Пробиштип. Не го пропуштајте!

 

 

 



Врати се горе ↑