Македонија Print

8 јануари, 2015

Слаткаристика со 2 солистички концерти во Бугарија

Нашиот рап артист Слаткаристика новата година ја започнува со солистички концерти во Р. Бугарија. Тој и „Иноватива груп“ го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10 јануари (сабота) во Банско, во дискотеката „Jack`s House“, а вториот голем концерт на Слаткаристика во соседната држава е најавен на 20 февруари (петок), во концертната сала на клубот „MixTape 5“ во Софија.

На двата концерта како специјален гостин е најавен еминентниот и еден од најпознатите бугарски рап артисти, член на групата „Upsurd“Ицо Хазарта.

Слаткаристика пред неполни 2 месеца го промовираше видео записот за новата песна „Бумеранг“, кој беше реализиран од бугарската продукција „Facing The Sun“, во копродукција со „Иноватива груп“. Истиот резултираше со голема заинтересираност и број на прегледи на YouTube, a Слаткаристика влезе во групата на “One Shot“  видео едицијата како единствен странец до сега.

Нашиот рап артист со сигурност е баран и слушан од бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и двата кои треба да се случат. За неполна година ќе заокружи 2 концерти во Софија, 1 во Созопол и 1 во Банско.



Врати се горе ↑