Македонија

10 август, 2016

Слаткаристика се фати за лопата

После силното невреме и поплавата што опустоши дел од главниот град, голем број од познатите личности се организираат за помош на настраданите семејства во Скопје. И покрај тоа што музичарите најчесто се решаваат за одржување на хуманитарен концерт, Слаткаристика отиде чекор понатаму, па покрај хуманитарните концерти и самиот ја фати лопатата и отиде да им помогне на своите сограѓани.

слаткаристика

Покрај работната рака, популарниот хип-хоп артист викендов ќе одржи и хуманитарен концерт во клубот „Централ парк“ во Скопје, а собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за настраданите семејства.

слаткаристика2



Врати се горе ↑