Видео

16 ноември, 2018

Слаткаристика сака дома да ни биде како во „Амстердам“

Марко Маринковиќ – Слаткаристика денеска го промовираше својот нов сингл и видео насловени „Амстердам“, а како што може да се претпостави и од самиот наслов, темата е поврзана со контроверзната тревка, чија легализација е цел и на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“. Промоцијата на „Амстердам“ беше во рамките на претставувањето на вториот дел од кампањата Декриминализација СЕГА, што се одржа денеска во Универзална сала.

„Чест ми е што сум 18. официјален член на ’Билка’. Треба да сме лидери во нашиот дел од Европа, јас сум за легализација, но тоа ќе оди чекор по чекор. Само тоа може да нè извади од овие економски го*на“, рече Слаткар на промоцијата.

Фотографија на Slatkaristika.

Соодветно со насловот на песната, видеото се снимаше токму во Амстердам, град што е веројатно најпознат по слободната употреба на марихуана, како и по „Квартот на црвените фенери“ (Red-Light Distict). Освен што ја изведува, Слаткаристика се потпишува и како автор на музиката и стиховите, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо и Јован Јованов. Видеото го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а како изгледа и звучи „Амстердам“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑