Настани Slatkaristika - Energi S Tour

11 јуни, 2015

Слаткаристика после 3 години со концерт во Скопје

По големите концерти во „Метрополис арена“ и арената „Борис Трајковски“, по 3-годишна пауза во главниот град, оваа сабота (13 јуни) Слаткаристика ќе одржи клупски концерт во градскиот парк во Скопје, во летниот клуб „Парадизо“, со почеток во 00:00 часот.

Овој концерт е дел од големата турнеја на Слаткаристика, насловена како „EnergiS Tour“. Слаткаристика летово ќе може да го види и слушне неговата публика во над 20 градови низ Македонија. А на крајот од месецов, Слаткаристика ќе Ве освежи со уште еден хит кој го носи насловот „Оф мори мајко“.

Во продолжение погледнете ја музичката агенда на Слаткаристика и не го пропуштајте концертниот настап на нашиот најдобар македонски хип-хоп артист во сабота, во клубот „Парадизо“!

 



Врати се горе ↑