Македонија Slatkaristika MT 2

24 февруари, 2015

Слаткаристика одржа концерт за паметење!

Слаткаристика во саботата го одржа најавениот концерт во концертната сала од клубот „Микстејп 5“ во Софија. Капацитетот на салата беше исполнет, а нашиот хип-хоп артист се претстави одлично, правејќи концерт за паметење! Како дел од неговиот настап беа диџеј Оки Доки, Нико на тапани и Аце НЛ, а специјален гостин на концертот беше Ицо Хазарта од култниот „Апсурт”.

Бугарските медиуми Слаткаристика го претставија како светски артист, а неговиот настап го споредуваа со концертите на големите светски ѕвезди. Публиката и повеќе од задоволна се забавуваше и ги пееше сите песни со Слаткаристика. Изминатата недела Слаткаристика во Софија гостуваше во повеќе телевизиски емисии и даде 7 интервјуа за печатени и интернет медиуми.

Исто така, за време неговиот престој таму сними и видео запис за првата музичка соработка со бугарските хип-хоп артисти познати како „Јанг би-би јанг“ (Young BB Young). Песната е насловена „Таа има маж“, а заедно со спотот ќе биде промовирана пред македонската и бугарската публика на почетокот на месец март.

Од „Иноватива Груп“ велат дека ова е само почеток за Слаткаристика затоа што овој артист буди голем интерес кај публиката, како и кај медиумите во соседна Бугарија. Тој со неговата музика ги пробива музичките границите и од него ќе следуваат уште многу новитети, како во Македонија, така и надвор од нашата држава.

На домашна сцена, пак, Слаткаристика е добитник на Златна бубамара за „Најгледан видео запис за 2014 година“ за познатиот хит  Дими Џам, кој на Јутјуб за само 8 месеци е прегледан повеќе од 1.630.000 пати.



Врати се горе ↑