Македонија Slatkaristika-iTunes

19 декември, 2012

Слаткаристика од сега и на iTunes!

Можеби за Слаткаристика сè уште нема чуено цел свет, но од сега ќе може да го слушне целиот свет! Нашиот највлијателен македонски хип-хоп артист Слаткаристика од неодамна официјално е застапен и во најголемата музичка продавница во светот iTunes.

На барање на истомислениците и љубителите на музичката култура што ја интерпретира Слаткаристика, песните од неговите два соло албуми сега можат да ги имаат сите, каде и да се! Оваа Интернет продавница дава можност On-line да си ја купите било која песна од 35-те на располагање, како и целите два соло албуми на Слаткаристика – „Слаткаристика будало” издаден во 2009 година и „Новиот албум” издаден во 2012 година.

 iTunes продавницата е отворена 24/7, а песните на Слаткаристика може да ги најдете на следниот линк:         itunes.apple.com/us/artist/slatkaristika/

 



Врати се горе ↑