Аудио

14 септември, 2018

Слаткаристика напиша „Отворено писмо“

„Чувствувам потреба, а и чувствувам одговорност да им се обратам на сите оние кои мислат дека живееме во…“, вака звучи воведот во новата песна на Слаткаристика насловена „Отворено писмо“, во која популарниот хип-хоп уметник го искажува своето видување на актуелната состојба во земјава.

Слаткар, односно Марко Маринковиќ е потпишан и на музиката и на стиховите, битот е дело на Јоксан Гарсија Варгас, а миксот и мастерингот на Иван Јованов (Ивајо), додека сето тоа го визуализираше Филип Пауновски.

„Отвореното писмо“ доаѓа по неколкумесечна пауза, односно по осмомартовската „Луда романтика“, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение.

Чувствувам потреба, а и чувствувам одговорност да им се обратам на сите оние кои мислат дека живееме во…

Gepostet von Slatkaristika am Donnerstag, 13. September 2018



Врати се горе ↑