Македонија Slatkaristika Ferus i Tajzi

15 мај, 2014

Слаткаристика најави нов сингл со Ферус и Тајзи

Највлијателниот хип-хоп артист во Македонија, Слаткаристика, по интернационалниот концерт во Бугарија и турнејата во Австралија официјално го најавува својот нов сингл „Дими џам“ кој ќе излезе заедно со видео запис на почеток на месец јуни. Оваа песна Слаткаристика ја работеше заедно со еден од најпознатите македонско-европски саксафонисти, „The King’’ Ферус Мустафов и со најуспешниот артист за 2013 година, Тајзи.

Во интересен, сосема поинаков од досегашниот звук слушнат во Македонија, со етно моменти, Слаткаристика на свој хумористичен и метафоричен начин ја раскажува приказната за новата „Дими џам”. Снимањето во супер атмосфера, како и музиката и аранжманот се работени во студиото на Јованови. Со оваа песна Слаткаристика започна со подготовките на неговиот трет соло албум, а за на лето Иноватива груп најавуваат учество на нивниот артист на повеќе фестивали, и реализација на концерти низ нашата држава и во странство.



Врати се горе ↑