Балкан

8 јули, 2019

Слаткаристика, Мосел и Слоган ја имаат првата македонско-грчка соработка

Музиката нема граници, а тоа сè повеќе го докажува популарниот македонски хип-хоп артист Слаткаристика, кој зад себе има повеќе соработки со колегите од соседна Бугарија, а сега на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција. Имено, Слаткаристика штотуку ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружи со грчките колеги Слоган и Мосел.

We make this possible…First ever 🇲🇰🇬🇷 music collaboration is now on YouTube 🌎

Gepostet von Slatkaristika am Montag, 8. Juli 2019

„Го правиме ова возможно… Првата македонско-грчка соработка е сега на Јутјуб“, напиша музичарот, кој заеднички со Мосел и Слоган ги потпишува и музиката и стиховите. Диџејот и продуцент Мосел ја потпишува и продукцијата, а аранжманот му е заеднички со Иван Јованов, кој се погрижи и за миксот и мастерингот.

View this post on Instagram

Slatkaristika x Mossel x Slogan – Maria #comingsoon

A post shared by Slatkaristika (@iamslatkaristika) on

Сето тоа е спакувано со видео што го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), а како изгледа и звучи првата македонско-грчка песна, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑