Македонија Слаткаристика Софија карта

18 март, 2014

Слаткаристика Live во Софија

Слаткаристика на 21-ви март ќе настапи во Софија. По хит песната на 100 Кила „Аз сам 6”, во кој видео запис бугарскиот рапер се заблагодарува на Слаткаристика за инспирацијата, бугарската публика се заинтересира уште повеќе за нашиот рапер. Така, Слаткаристика овој петок ќе се настапи во бугарската престолнина, на една од најдобрите клупски сцени, каде веќе има настапувано и нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски, во Sofia Live Club.

Слаткаристика заедно со Аце НЛ и DJ Oky Doky ќе се претстават пред бугарската публика, а можна е и соработка на нашиот најпознат рап артист со некои од бугарските рапери. Во продолжение погледнете ја поканата за Sofia Live Club од Слаткаристика.

 



Врати се горе ↑