Македонија

26 ноември, 2016

Слаткаристика, Криско, Едо Маајка и многу други на битолските „Хип-хоп награди 2016“

На 4 декември, недела, во спортската сала „Младост“ во Битола ќе се одржи второто доделување на битолските хип-хоп награди за 2016 година. Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени награди во 12 категории, седум награди за посебни заслуги и една награда за животно дело.

Меѓу домашните регионалните хип-хоп ѕвезди што ќе настапат на доделувањето се и нашиот Слаткаристика, бугарскиот рапер Криско, босанската ѕвезда Едо Маајка, популарното српско трио „Бед копи“ и многу дуги. Водител на настанот ќе биде битолскиот актер и комичар Марјан Ѓоргиевски.

Гласањето сè уште е во тек и се одвива на Фејсбук.

14940167_1784829941755070_1347391585927645328_o



Врати се горе ↑