Концерт slatkaristika-za-pr

15 октомври, 2012

Слаткаристика ќе се „отвори“ со голем концерт на 2 ноември

Пред неколку дена се запрашувавме што ќе се Отвара на 2ри Ноември откако во Скопје осамнаа плакати и билборди со натписот „Големо отварање, 2 Ноември”.

Сега ни е јасно- СЛАТКАРИСТИКА го најави својот втор, голем солистички концерт- “ОТВАРАЊЕ”. По Хип-Хоп револуцијата, концертот во Метрополис арена пред 3 години, Слаткаристика на 2ри Ноември ќе настапи пред Скопската публика во арената Борис Трајковски.

Како што дознавме од неговиот тим, по успешното промовирање ова лето на неговиот, сега актуелен албум “Новиот албум”, Слаткаристика ќе се Отвори како никогаш до сега пред своите верни истомисленици. Сега, за сега не се откриваат деталите, а ние претпоставуваме дека ќе има богата програма и гости поради многуте гостувања на песните од “Новиот албум”, а и кога станува збор за Слаткаристика очекуваме навистина ЈАКО ОТВАРАЊЕ!



Врати се горе ↑