9 март, 2015

Слаткаристика ја застрела „жена му“?!

Слаткаристика вчера, на 8 март, премиерно ја промовираше соработката со „Јанг би-би јанг“ (Young BB Young) од Бугарија – новата песна и новиот видео запис, „Таа има маж“. Песната и видеото беа работени во Софија, Бугарија, a како режисер е потпишан Шошо. „Таа има маж“ е со сатирична содржина, а видео записот сценариски ја црпи идејата од познатото американско реално шоу „Прељубници“ (Cheaters). Во спотот се појавуваат повеќе статисти и улоги, џуџе црнец, познатиот водител Атанас Михајлов, најистакнатиот млад бугарски хип-хоп артист Криско, како и главните протагонисти „Јанг би-би јанг“ и нашиот Слаткаристика.

Содржината на видео записот е базирана врз хумор и сатира, сите случувања и акции се работени по невистинити приказни, па така Слаткаристика во овој спот има улога на наивен сопруг кој дознава дека е изневерен од неговата жена, па проблемот го решава со пиштол.

Ова е уште еден новитет од низата проекти кои следуваат оваа година од Слаткаристика, а од „Иноватива груп“ велат дека ова е  уште еден проект преку кој Слаткаристика полека но сигурно ги отвара границите со неговата музика во соседна Бугарија. Новиот видео запис, во кој има и што да видите, можете да го погледнете горе. Уживајте.



Врати се горе ↑