Галерија Sofija 1

27 март, 2014

Слаткаристика ја запали Софија!

Во петокот, на 21-ви март, нашиот највлијателен рапер Слаткаристика имаше настап за паметење во Софија, Бугарија. Во еден од најголемите клубови, Sofia Live Club, пеејќи како неговите песни да им се домашни, се забавуваше илјадната бугарска публика. Слаткаристика заедно со Аце НЛ и DJ Oky Doky повеќе од достојно ја претставија нашата сцена, а присутните не ги штедеа пофалните зборови за нивниот настап и веќе со нетрпение го чекаат повторното концертно доживување со македонскиот артист.

Долгоочекуваниот настап на Слаткаристика во Софија го посетија и многу познати личности од Бугарија кои кажаа дека многу одамна го следат нашиот рапер и неговата музика. Меѓу присутните беа пејачот Графа, познатата водителка и актерка Константина Живова, артистите од рап групите Young BB Young, FARS и Top Stoppers, актерите од познатите серии „Стаклен дом” и „Подприкритие”, најпознатиот ТВ водител Андреј Арнаудов, многу организатори на фестивали и концерти и други.

Доаѓањето на Слаткаристика во Софија и неговиот настап го покрија повеќе од 20 ТВ, пишани и интернет медиуми, а викендот гостуваше и во 4 телевизиски емисии.



Врати се горе ↑